Распродажба во Јунајтед: Гигантот е подготвен да прoдаде половина тим!

1769

Манчестер Јунајтед е подготвен да продаде дури 13 играчи за да собере средства за исполнување на желбите на Ерик тен Хаг во овој преоден рок. Поради финансискиот фер-плеј, буџетот на гигантот од „Олд Трафорд“ изнесува околу 140 милиони евра, што во никој случај нема да биде доволно за решенија на проблематичните позиции, односно за доведување голмани, играчи од средниот ред и напаѓачи.

Идејата на Јунајтед е да собере дополнителни 115-120 милиони евра преку продажба на своите играчи, а тамошните медиуми откриваат дека тие се подготвени да слушаат понуди за половина од нивниот тим со оваа цел. Тоа не значи дека сите играчи би биле продадени, туку дека нивното заминување е возможно.

Имињата поврзани со доаѓањето на Олд Трафорд се Хари Кејн, Виктор Осимхен, Расмус Хојлунд, Мејсон Маунт, Андре Онана…

Со цел да се обезбедат средства за пристигнувањето на некои од нив, Јунајтед е подготвен да слуша што може да добие за своите ѕвезди. Дејли мејл ги класифицира во три категории.

Играчи кои се продаваат: 
Дони ван де Бик, 23 милиони евра
Фред, 23
Ентони Еланга, 23
Ханибал Мајбри, 15
Алекс Телес, 12
Брендон Вилијамс, 6
Ерик Бејли, 2
Зидан Икбал, трансфер во Утрехт на крајот од зделката за 1 милион евра

Клубот е подготвен да влезе во преговори:
Хари Мегваер, 47 милиони евра
Скот Мектоминај, 47
Дин Хендерсон, 23

Можат да одат со добра цена:
Џејдон Санчо, 53 милиони евра
Ентони Марсијал, 30

ПретходноЗидан: Модриќ и Бензема ме тераат да станам од столче!
СледноМал пад на Калин Ивановски на АТП-листата, скок од 40 места на Србљак, Алкараз официјално број еден!