Ете, така тоа го прават големите, најголемите клубови во светот, фудбалските гиганти. Имено деновиве Милан и официјално, со писмо адресирано до претседателот на Струга Трим Лум, Арбртим Ќира, и ја честиташе титулата на стружани освоена за минатата сезона 2022/23 во ПМФЛ.
На писмото е потпишан Паоло Скарони, претседателот на гигантот од Милано, кој од името на клубот, како што рековме, упатува искрени честитки до Арбтрим Ќира и сите во таборот на нашиот шампион кој ова лето ќе го има своето деби во квалификациите во Лигата на Шампионите против Жалгирис Виљнус од Литванија.