И Тиквеш денеска означи почеток на подготовките за новата прволигашка сезона. Кавадарчани ги преставија и новите засилувања кои беа ангажирани веднаш по завршувањето на минатата сезона.
Во Кавадарци се врати поранешниот репрезентативец Даниел Мојсов, а покрај него дојдоа и младиот напаѓач Марио Гасама од Португалија, како и уште неколку нови играчи од домашниот шампионат.