Јармоленко по пет години се врати во Динамо Киев

217

Искусниот украински репрезентативец Андреј Јармоленко се врати во матичниот клуб Динамо Киев. Тој го напушти Динамо во 2017 година и отиде да игра за Борусија Дортмунд, но по една сезона ги смени клупските бои па играше за Вест Хем, минатата сезона ја помина во Ал Аин, а сега се враќа во Динамо.
Тој потпиша двегодишен договор, а по истекот ќе ја преземе улогата на спортски директор во киевскиот клуб. Неофицијално, Јармоленко ќе добива највисока плата меѓу играчите, а исто колку тренерот Мирчеа Луческу.

Претходно(ФОТОВЕСТ) Лазаров и Мукаетов во ВИП салата на ЕХФ
СледноШанса за МЗТ Скопје, Морнар се откажува од АБА лигата