Арсенал го купува Хаверц за 75 милиони и го врзува со договор до 2028

263

Арсенал сериозно е загреан да го донесе во своите редови германскиот репрезентативец Каи Хаверц и за тоа е спремен да плати дури 75 милиони евра вклучувајќи и бонуси, открива новинарот Флоријан Плетенберг.
Арсенал се договорил со фудбалерот на Челзи кој ќе потпише договор до 2028 година, а се очекува трансферот да биде комплетиран до крајот на оваа недела.
Хаверц одигра 35 премиерлигашки натпревари за Челзи минатата сезона и постигна седум голови. Пред Челзи, Хаверц играше и за Баер Леверкузен.

ПретходноЕХФ го објави „Тимот на сезоната“ во ЛШ, меѓу најдобрите и Дибиров
СледноГобер потврди: Ќе играм за Франција на СП 2023!