Барселона го официјализираше првото поголемо засилување во летниот преоден рок. Станува збор за Гудуан, кој доаѓа од редовите на Манчестер Сити како слободен играч.
Овој играч за врска минатата сезона освои речиси се што можеше со „граѓаните“ и беше еден од најзаслужните за тројната круна.
Каталонскиот гигант со овој фудбалер потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
💙❤ ¡@ilkayguendogan es CULER! pic.twitter.com/kwWZt82yxc
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) June 26, 2023