Поранешниот тренер на Борец и Работнички, Борче Христов, денеска е промовиран како дел од новиот стручен штаб на азербејџанскиот прволигаш Зира. Христов ќе биде вклучен во стручниот штаб на првиот тим на Зира, кој минатава сезона ја заврши на 5. место во тамошниот шампионат.
Христов потпишал двегодишен договор со Зира, клуб каде веќе имаше искуство како стратег во 2020 година.