Како што пренесува Би-би-си, руските и белоруските тенисери на овогодишниот Вимблдон ќе можат да се борат за трофејот, но на третиот Гренд слем турнир во сезоната ќе мора да почитуваат одредени правила.
Да потсетуваме, тие минатата сезона беа суспендирани од Вимблдон поради руската воена интервенција во Украина, а нивното учество оваа година зависеше од потпишување на изјави за неутралност.
Тоа значи дека не смеат да изразат поддршка на инвазијата на Украина, како ни на рускиот претседател Владимир Путин или неговиот белоруски колега Александар Лукашенко. Исто така тие не смеат да носат или да бидат видени со било кој предмет кој содржи фотографија, симбол, знаме, обележје кои можат да укажуваат на поддршка на војната или рускиот и белорускиот режим.
Не смеат ни да добиваат парични средства од тие држави, како и компании чии управители се под санкции.
Секо играч кој носи руски или белорускии фудбалски дрес исто така може да биде санкциониран, посебно ако се работи за дрес на некој воен клуб како ЦСКА Москва, наведе Би-би-си и потсети на случајот кога Анастасија Потапова доби предупредување од ВТА бидејќи на турнирот во Индијан велс носеше дрес на Спартак Москва.
Исто така навивачите имаат забрана да носат руски и белоруски знамиња, маички или дресови.