Висар Муслиу потпиша за Падерборн

2580

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е нов играч на тимот на Падерборн. Стоперот покрај тоа што ја менува екипата, ја менува и лигата, затоа што од третата лига, се преселува во популарната германска „Цвајта“.

Со ова, Муслиу решава и тоа како голем проблем со оглед на фактот што неговата форма беше во надолна линија со оглед на лигата во која настапуваше.

Сепак, сега се е поинаку за него, за тоа што и самиот Муслиу инсистираше на преселба во нова средина.

Муслиу е стандарден репрезентативец на Македонија како во У21 своевремено, така и во А репрезентацијата во моментов.

 

ПретходноСуад Сахити нов играч на Шкупи
СледноПораз на МЃП од Целје (ВИДЕО)