Лука Модриќ и дефинитивно следната сезона ќе биде дел од Реал Мадрид. Еден од најдобрите играчи на денешницата потпишува нов едногодишен договор со неговиот сегашен клуб, и на тој начин ги отфрла сите шпекулации околу неговата иднина.
И покрај најавите дека заминува во Саудиска Арабија, а можеби и САД, еден од најдобрите фудбалери на денешницата остана верен на Кралскиот клуб и следната сезона ќе биде дел од реновираниот и ултра силен Реал Мадрид.