Ентони Гризман доаѓа во фаза од кариерата во која се повеќе личи на естрадна звезда одколку на фудбалер кој на терен прави сериозна разлика со оглед на неговите квалитети кои ги поседува.
Ова е став пред се на јавноста поради неговиот манир во последно време да ги менува фризурите односно бојата на косата на двевна основа. Во стилот на некогашното „лошо момче“ на НБА лигата Денис Родман, којнго базираше својот стил токму на фризурата.
Е сега, Родман и со таков начин на однесување беше дел од три НБА титули со тимот на Чикаго Булс, додека Гризман засега не може да се пофали со екстремен клупски успех.