Дејан Радоњиќ ја презема клупата на црногорскиот великан

222

Црногорскиот тренер Дејан Радоњиќ ќе биде нов тренер на Будуќност од Подгорица, објави РТВ Црна Гора. Радињиќ е без ангажман од минатата зима кога доби отказ на клупата на Панатинаикос.
Будуќност минатата сезона направи две тренерски смени, прво Владимир Јовановиќ, а потоа и Петар Мијовиќ.
Радоњиќ најголемите успеси ги имаше со Звезда со која освои пет АБА титули, а со Баерн беше шампион на Германија.

ПретходноДејан Георгиевски е во финалето на Европските игри
СледноЗарков го напушти Е.Пелистер 2 и презеде грчки тим