Европската ракометна федерација по повод 30-годишнината од своето постоење денеска во Виена ќе одржи гала прослава на која ќе присуствуваат голем број гости, меѓу кои и претставници од Македонската Ракометна федерација.
На овој голен настан ЕХФ ќе ја отвори „Куќата на славни“, а во неа ќе се најдат околу десетици врвни ракометни имиња, кои зад себе имаат блескави кариери. За очекување е на подиумот да се најде и поранешниот македонски репрезентативец, Кирил Лазаров, кој во својата кариера постави високи стандарди. До фајнл-форот, кој заврши беше најдобар стрелец, а добро е познато дека Лазаров се уште го држи првото место на најмногу постигнати голови во Лигата на шампиони, тој беше најдобар стрелец на ЕП, двапати најдобар стрелец на Лигата на шампионите по сезона, освојувач на Лигата на шампионите.
ЕХФ прв пат ќе промовира и Ол Стар тим на сезоната и МВП за 2022/23. Покрај ова ќе има награди за најдобриот дефанзивец и млад играч.
Сите оние кои ќе сакаат да го гледаат овој настан, истиот ќе биде пренесуван на официјалниот Јутуб канал на ЕХФ, церемонијата стартува во 17:30 часот.