Зарков го напушти Е.Пелистер 2 и презеде грчки тим

235

Александар Зарков не е повеќе тренер на ракометниот прволигаш Еурофарм Пелистер 2 затоа што му истече договорот. Клубот информира дека Зарков поради интернационален предизвик одлучил да направи нов почеток и затоа го напуштил кормилото.
Зарков е жива легенда на нашиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Еурофарм Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер.
Вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност и спортист како Александар Зарков. Новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2 наскоро ќе биде официјализиран и претставен пред јавноста“, соопштија од битолскиот клуб.

Инаку новиот клуб на Зарков ќе биде грчкиот прволигаш во женска конкуренција Неа Јонија, кој е актуелен освојувач на грчкиот куп-трофеј.

ПретходноДејан Радоњиќ ја презема клупата на црногорскиот великан
СледноЈасикевичиус ја напушти Барса, Гримау е новиот тренер