Штипска Брегалница денеска под водство на шефот на стручниот штаб Горан Здравков го означи стартот на летните подготовки за новата сезона 2023/24. „Сините“ денеска на Градскиот стадион во Штип ги почна подготовките за новата сезона. Новина во тимот е ангажманот на голманот Мартин Давков, кој е повратник меѓу „сините“, а во текот на наредните денови ќе следи и промоцијата на новите засилувања на тимот.
Согласно програмата на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Штип и во Пехчево, по што ќе се оди на финалните техничко-тактички подготовки комбинирани и со пријателски натпревари.
Како што информираше тренерот Горан Здравков, планирано е одигрување седум пријателски средби преку кои ќе се темпира формата за стартот на новата сезона.