Македонскиот тенисер, Калин Ивановски минатата недела го запиша најдобриот ранкинг во својата кариера, се најде на 362 место на АТП листата. Ивановски оваа недела ја почнува четири места подоле, поточно на 366. позиција во поредокот во светскиот тенис.
Скок од 40 места има Гораз Србљак, кој сега е рангиран на 1117 место со 8 поени. Овој напредок кај Србљак се должи што неколку недели во континуитет има пласман во второто коло на фјучрс 15 турнирите. Пласман од нашите тенисери има уште Обрад Марковски, кој е на 1213 место со 6 поени и пад од 59 места.
На врвот на АТП листата и официјално се најде Карлос Алкараз, кој сега има 7,675 бодови пред Новак Ѓоковиќ, кој остана на 7,595.