Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ зад себе има блескава сезона. Со Уникс Казан ја освои ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалето.
Веднаш по завршување на сезоната, Димитријевиќ се најде на „мета“ на неколку врвни тимови, а меѓу нив се Баерн Минхен и Фенербахче, како и руските тимови, кои според српските медиуми сериозно се заинтересирани за услугите на македонскиот репрезентативец.
Во редот застана и Партизан, кој е подготвен да седне на маса да преговара со Нено. Иако финансиската понуда би била далеку помала од онаа што доаѓа од Русија, но „црно-белите“ како голем адут гледаат во тоа што играат во Евролига, што пак е желба и на Димитријевиќ, кој од мали нозе навива за Партизан.
Најдобриот македонски кошаркар во Уникс Казан замина како позајмен играч од Велнсија, со кого и официјално го раскина договорот.