Некогашниот играч на Работнички, Суад Сахити е нов член на тимот на Шкупи. Интернационалецот по подолго време се враќа во Македонија, откако направи добар круг околу Европа и играше за Скендербег, АЕЛ, Септември Софија, Висла, Зрињски, Шибеник и Лапи, крилниот напаѓач се враќа онаму каде што започна неговата интернацонална кариера. Во Македонија.
Шкупин во насока на реновирањето на тимот се одлучи за Сахити, кој имаше опција за враќање дури и во Работнички.
Своевремено Сахити доби и повик за У21 репрезентацијата на Македонија.