Според пишувата на црногорски Лоб спорт, екипата на Морнар од Бар се откажува од АБА лигата и нема да биде еден од црногорските претставници во Јадранската лига. Морнар е редовен учесник на регионалната лига од 2016 година, а поради немањето средства за наредната сезона ќе го отстапи местото на некој друг клуб.
Во минатата сезона Морнар се бореше за опстанок со Борац и МЗТ Скопје во последните две кола, сепак, македонскиот шампион испадна во понизок ранг. А доколку Морнар дефинитивно отстапи од лигата тогаш тоа е шанса за МЗТ Скопје да се врати во најсилната АБА лига.
Но тоа ќе одлучи раководството на лигата, а добро ќе биде барем еден македонски претставник да има во најсилата кошаркарска лига на Балканот. МЗТ како првак и како минатогодишен учесник има шанса да го замени Морнар.