Артета знае што е потребно за да Арсенал ја освои титулата!

271

Тренерот на Арсенал Микел Артета изјави дека неговиот тим мора да се засили во летниот преоден рок доколку сакаат да ја освојат шампионската титула во Премиер-лигата.

„Следната сезона ќе биде најтешка во Премиер-лигата. Зошто? Бидејќи таква беше и минатата сезона. Во Англија сум 22 години и никогаш немам видено такво натпреварувачко ниво. Толку многу квалитет, организација, многу средства, многу добри тренери. Па доколку сакате да ја освоите Премиер-лигата ќе мора да бидете најдобри и да се засилите добро“, изјави Артета, а пренесе BBC.

Арсенал во голем дел од сезоната беше на првото место на табелата, но во завршницата му се „лизна“ титулата од раце која отиде во редовите на Манчестер Сити.

Со освојувањето на второто место, Арсенал се пласираше во Лигата на шампионите.

„И денес многу ме боли што не ја освоивме Премиер-лигата по 10 месеци борба со Сити. Имавме три или четири повреди на важни играчи и оттогаш сè се искомплицира. Кога го имавме целиот тим бевме постојани. Штом се појавија проблеми, тоа не беше доволно.

Нашиот противник (Сити) го има најдобриот тим во светот, најдобриот тим во светот, најдобриот тренер во светот. Немавме друг избор освен да го прифатиме тоа и да му подадеме рака на шампионот“, додаде Артета.

ПретходноРаботнички во среда ги „пали“ моторите!
СледноФеникс има план како да создаде супер-тим и да ја нападне титулата!