Центарот на Минесота, Руди Гобер потврди дека ќе игра за француската кошаркарска репрезентација на Светското првенство 2023.
Веста ја потврди самиот кошаркар на својата страница на социјалната мрежа. Французинот лани со „триколорите“ стигна до финалето на Европското првенство.
Претходно, првиот пик на годинешниот драфт во НБА, Виктор Вембањама потврди дека нема да учествува на Светското првенство во 2023 година, затоа што сакал да се фокусира на подготовките за своето деби во НБА Лигата.