Дејан Георгиевски (+87 кг) се пласира во финалето на таеквондо турнирот на Европските игри во Полска, oткако славеше со Иван Мартинез Гарсија од Шпанија со 2-0. Претходно македонскиот репрезентативец со 2-1 го совлада Украинецот Андриј Харбар. А во првото коло Георгиевски славеше над Матија Молин од Италија.
Во финалето кое е на програмата вечерва (20:30 ч.) Георгиевски ќе се бори со Канингам од Британија.