Здравков го одржа првиот собир, Брегалница ги почна подготовките

322

Штипска Брегалница денеска под водство на шефот на стручниот штаб Горан Здравков го означи стартот на летните подготовки за новата сезона 2023/24. „Сините“ денеска на Градскиот стадион во Штип ги почна подготовките за новата сезона. Новина во тимот е ангажманот на голманот Мартин Давков, кој е повратник меѓу „сините“, а во текот на наредните денови ќе следи и промоцијата на новите засилувања на тимот.

Согласно програмата на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Штип и во Пехчево, по што ќе се оди на финалните техничко-тактички подготовки комбинирани и со пријателски натпревари.

Како што информираше тренерот Горан Здравков, планирано е одигрување седум пријателски средби преку кои ќе се темпира формата за стартот на новата сезона.

ПретходноКласата е вечна – Кралот Лазаров во ЕХФ куќата на славните
СледноЈуниорките поразени од Бугарија во последниот тест пред ЕП