Како што пишува денешен „Ди Атлетик“ тимот на Манчестер Јунајтед летово повторно ќе се обиде да го доведе во своите редови Адриан Рабио. Французинот е мета на тимотн од Олд Трафорд извесен период, но летово очигледно дека летово ќе се случи зенитот на тој проект.
За тоа да се случи веројатноста е голема затоа што летово Рабио станува слободен играч, а се претпоставува дека со оглед на неговите 28. години желбата да заигра во Премиер лигата е голема.
Иако неговиот однос со тренерот на Јуве, Алегри е одличен сепак, се претпоставува и дека постои заситување на францускиот репрезентативец од играњето во Јуве односно во Серија А.