Чави и Барселона преговараат за продолжување на договорот. Според „Мундо Депортиво“, човекот кој ја врати титулата во Каталонија бара зголемување на платата не само за него, туку и за неговите помошници.
Клубот верува дека Чави е тој што ќе мора да се солидаризира со своите вработени со оглед на финансистата ситуација во Барселона. Договорот на шпанскиот стручњак со Барса е до крајот на следната сезона, па сега останува прашање како ќе течат преговорите за нова соработка по новите барања на стратегот.