АПОЕЛ влезе меѓу кандидатите за потписот на Несторовски

171

Кипарските медиуми веќе два дена пишуваат дека екипата на АПОЕЛ е сериозно заинтересирана за нашиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски. 33-годишниот Несторовски има голема веројатност во летниот преоден рок да си замине од Удинезе, но негов приоритет според италијански извори е, сепак, останување во клуб од Италија.

Сепак, „сино-портокаловите“ од Никозија најверојатно стапиле во контакт со агентот на нашиот напаѓач, но досега ниту ја потврдуваат, ниту демантираат информацијата.

Несторовски за три дена го завршува договорот со Удинезе и ќе биде слободен агент. Во моментов интерес за играчот покажаа три клуба од Серија Б: Палермо, Венеција и Пиза.

ПретходноМладинците на ШК Алкалоид најбројни – освоени десет медали
СледноМлад судија од Азербејџан ќе и суди на Струга ТЛ во Литванија