Маркус Турам денеска треба да полета за Милано, каде треба да го комплетира трансферот во екипата на Интер. Според инсајдерот Фабрицио Романо, напаѓачот за денеска има закажано лекарски преглед, по што ќе потпише петгодишен договор со „нероаѕурите“.
Турам во дресот на Интер ќе добива 6,5 милиони евра годишно. Тој ќе се приклучи на новиот тим на Симоне Инзаги во кој ќе има доста промени од ростерот со кој располагаше сезонава. Инаку, Турам го заврши договорот со Борусија (М) и како слободен играч доаѓа во Милано.