31-годишниот судија од Азербејџан, Елчин Масијев, ќе и суди на Струга ТЛ во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите. УЕФА денеска ги објави судиите кои ќе ги предводат првите натпревари во рамките на првото квалификациско коло од најсилното европско натпреварување.
Стружани дебитираат на гостински терен во Вилнус на 11 јули во првиот гостински меч кој треба да почне од 17 часот. Масијев е млад судија кој нема големо искуство во европските натпревари. Според статистиката, тој досега има судено само двапати во европските купови и тоа еднаш на квалификациски меч од Конференциската лига и еднаш беше главен судија на натпреварот меѓу Хапоел Бер Шева и Австрија Виена кој се одигра во групната фаза од истото натпреварување.