ПСЖ на состанок со мајката на Мбапе: Одлучете веднаш, си одите или потпишувате нов договор?

881

ПСЖ, во никој случај, ова лето не сака да живее со сапуница наречена Килијан Мбапеж. Позицијата на парискиот тим не е променета и покрај последните јавни настапи на играчот, наведувајќи дека сака да ја заврши својата последна година во клубот. Доколку не го продолжи договори или нема позитивни знаци во наредните недели по ова прашање, клубот ќе го стави на пазарот, а весникот „Ле Паризиен“ веќе објави и која ќе биде цената кој францускиот шампион ќе ја бара за него.

Според парискиот весник, катарските сопственици на ПСЖ би биле подготвени да прифатат понуда која би изнесувала најмалку 200 милиони евра. Сценариото се уште не е размислувано, но ПСЖ веќе и соопштил на мајката на Мбапе, Фајза Ламари, дека најдобар начин да се деблокира моменталната ситуација е напаѓачот да донесе брза одлука за да може да се планира следната сезона.

ПретходноМлад судија од Азербејџан ќе и суди на Струга ТЛ во Литванија
СледноОдредени групите за новата сезона од Лигата на шампионите во женска конкуренција