Барселона и натаму мака мачи со финансиските регулативи на Ла Лига

146

Тимот на Барселона, според денешното издание на каталонски „Спорт“ и натаму е под сериозен притисок од финансиските регулативи на Ла Лига , и поради оваа причина повеќето дојдовни трансакции продолжуваат да се одложуваат. Не може ниту еден трансфер да добие завршница.

Со месеци е јасно дека на „Камп Ноу“ имаат сериозни проблеми со балансирањето на сметководствените книги, што беше главната пречка да се врати Лионел Меси да се врати во Барса, па наместо тоа тој замина во САД. Еден од главните проблеми на клубот и понатаму е одбивањето на некои од играчите да си заминат, момент кој за брзо може да ја подобри ситуацијата. Изданието повторно споменува дека тренерот Чави и раководството на тимот се подготвени да се разделат со Феран Торес, Ансу Фати и Френки Де Јонг, што би можело и да донесе добра сума пари за трансфери во касата на клубот и во исто време да собере доволно средства за плата.

Изданието додава дека таквите зделки сепак не треба да се отпишуваат и може да има одреден притисок врз кој било од овие играчи да се пресели во друг тим. Ла Лига веќе го прифати финансискиот план на Барселона , но таму и понатаму не можат да обезбедат некои од посакуваните играчи. Досега, Каталонците успеаја да ги осигураат услугите на Илкај Гундоган , кој на Камп Ноу пристигна како слободен играч. Весникот „ Спорт “ додава дека Барселона веќе го договорила младиот Виктор Роке, кој исто така е многу посакуван од новиот спортски директор на тимот, Деко, но најверојатно на „Камп Ноу“ ќе пристигне дури следното лето.

 

ПретходноГазета: Прашање на време е кога УЕФА ќе го исклучи Јуве од своите натпреварувања
СледноСилекс го потврди Каланоски