Билд: Баерн се договори со Кејн

1041

Хари Кејн ги договорил личните услови за трансфер во Баерн, пишува новинарот на Билд, Кристијан Фалк. Преговорите со баварскиот клуб ги водеа таткото и братот на Кејн. Сега Баерн мора да договори трансфер со Тотенхем кој за својата ѕвезда бара 100 милиони евра. Првата понуда на Баерн беше 30 милиони помалку.

Симболот на Тотенхем, каде што е од детството, би сакал да замине во клуб со кој конечно нешто би освоил, бидејќи во последниот дел од кариерата влегува без ниту еден трофеј. Тотенхем загуби само две финалиња во Лига купот и едно финале во Лигата на шампионите. Сопственикот на клубот Даниел Леви затоа го ослободува за вистинската цена, но не и за англиските клубови.

Кејн беше првиот избор на Карло Анчелоти за нов напаѓач на Реал по заминувањето на Карим Бензема, но мадриѓаните се откажаа од Англичанецот. Причината е превисоката цена која Тотенхем ја бара за него.

Кејн постигна 280 гола за Тотенхем на 435 натпревари. Тој е рекордер и на репрезентацијата на Англија, чиј капитен е. За репрезентацијата постигна 58 гола на 84 натпревари. Три сезони беше најдобар стрелец во Премиер-лигата, а со репрезентацијата беше најдобар стрелец на Светското првенство 2018 година.

ПретходноКалц: Поради семејни причини се разделивме со Тетекс!
СледноТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“: Македонија на стартот поразена од Грција!