Вида тужел спортски коментатор затоа што го нарекол грд, па загуби на суд

534

34-годишниот хрватски фудбалски репрезентативец Домагој Вида, го тужел холандскиот коментатор Сирд де Вос затоа што во еден тв-пренос рекол дека хрвстскиот фудбалер е грд. Тоа се случило пред почетокот на натпреварот Бешикташ – Ајакс во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Коментаторот очигледно се занесол во коментарот, па гледачите имале можност да слушнат брутални навреди кон хрватскиот фудбалер.

„Вида е толку грд што обично не смее да игра во овој термин бидејќи децата исто така гледаат телевизија. Поради ова, Бешикташ мораше да побара посебна дозвола за играње“, рекол коментаторот Де Вос, алудирајќи на податокот дека натпреварот се одиграл во терминот од 18.45 часот.

Поради ова, актуелниот фудбалер на АЕК од Атина го тужел коментаторот и побарал отштета од 5.000 евра. Сепак, судот пресуди во корист на коментаторот со образложение дека тој ги кажал спорните зборови со намера да изгледа смешно.

ПретходноЈовиќ: Да уживаме во настапите од Лигата на Шампионите, и нема никому предвреме да му се предадеме
СледноПирло е нов тренер на тимот на Сампдорија