Викарио ќе го замени Јорис на голманската позиција во Тотенхем

245

Тотенхем објави дека го комплетирале трансферот на голманот Гиљелмо Викарио кој доаѓа од редовите на Емполи. 26-годишниот Италијанец им се приклучи на „Спарси“ со договор до 2028 година и со тоа стана првото засилување на тимот под водство на Анте Постецоглу.
Викарио го доби бројот 13 и ќе биде прв голман со оглед на тоа дека Уго Јорис побарал летоска да го смени клубот.
Во 2022/23 Викарио одигра 31 меч за Емполи во Серија А со тоа што прими 39 гола и на седум меча не примил ниту еден гол. Неофицијално трансферот изнесува 19 милиони евра.

ПретходноПлејмејкерот Кeфи го напушти МЗТ и замина во Полска
СледноСензација на младинското ЕП – Грузија како победник на групата оди во 1/4 финалето