На фудбалерите во Италија им е забрането да го носат дресот со број 88. Државата донесе ваква одлука со цел да се искорени антисемитизмот на фудбалските стадиони. Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси рече дека иницијативата ќе донесе голем придонес за развојот на фудбалот на Апенините.
Одлуката предвидува забрана на љубителите на фудбалот да употребуваат симболи кои асоцираат на нацизмот, а им е забрането да користат дискриминаторски јазик на сите јавни настани.
Ќе бидат дадени и препораки за предвремено прекинување на натпреварите во случај на дискриминација.
Бројот 88 e нумерички код за „Хајл Хитлер“ со тоа што „Х“ е осмата буква од алфабетата. Навивач на Лацио на почетокот на оваа сезона носеше дрес со број 88 со име Хитлерсон. Лацио е познат како клуб на нео-нацисти, па ова беше сфатено како закана па навивачот доби суспензија од присуство на стадиони.
Italy’s Interior Minister and Serie A clubs have agreed players won’t be allowed to wear the No.88, a white supremacist numerical code for ‘Heil Hitler.’https://t.co/Mj6WO1trCx
— Lorenzo Bettoni (@LoreBetto) June 27, 2023