Газета: Прашање на време е кога УЕФА ќе го исклучи Јуве од своите натпреварувања

144

Според денешното издание на Газета Дело Спорт, само прашање е на време кога УЕФА ќе се одлучи да го исклучи Јувентус од своите натпреварувања.  Тоа според медиумот, може да се случи пред крајот на месецов или најдоцна до средината на јули.

На овој начин „Старата дама“ ќе биде лишена од учество во Конференциската лига следната сезона која е обезбедена преку Серија А. Самиот клуб се согласи на оваа тема бидејќи се надева дека ќе избегне посериозна казна за сезоната 2024/25. Потенцијалната санкција на гигантот од Торино е поврзана со нивното неисполнување на договорот за финансиски фер-плеј со еврозоната. Покрај потенцијалното исфрлање, „Бјанконерите“ ќе се соочат и со голема парична казна.

Целата процедура ќе заврши на почетокот на август, што нема да му даде можност на торинскиот гигант да се жали на казната до Судот за спортска арбитража во Лозана.

ПретходноПирло е нов тренер на тимот на Сампдорија
СледноБарселона и натаму мака мачи со финансиските регулативи на Ла Лига