Готово е: Рубен Лофтус Чик е нов играч на Милан

868

Досегашниот член на тимот на Челзи, Рубен Лофтус Чик е нов член на тимот на Милан. Медиумите попладнево ја потврдија оваа информација, која вели дека двата клуба конечно ги договорија сите детали околу преселбата на англичанецот во Милано.

Трансфер сумата изнесува 16+4 милиони евра (или вкупно 18,5 милиони фунти), со тоа што најверојатно договорот на 27-годишниот играч е за следните четири сезони. Поранешниот англиски репрезентативец во наредните денови ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Лофтус Чик одработи две позајмици во Кристал Палас односно Фулам иако беше дел од Челзи долго време.

ПретходноСилекс го потврди Каланоски
СледноТотенхем ќе го откупи Ленгле