Досегашниот играч и капитен на тимот на Академија Пандев, Димe Димов, е нов член на тимот на Локомотив Софија. Стоперот денеска и официјално стави параф на двегодишен договор, и ова за него ќе биде прво интернационално искуство.
„Секако дека сум задоволен од развојот на настаните. Се надевам дека во Локомотив ќе има добри сезони, ќе ја оправдам довербата и мојата кариера ќе ја одведам на едно сосема друго ниво. Голема благодарност за сите кои досега беа дел од мојот фудбалски пат пред се тука мислам на Академија Пандев која ми овозможи да напредувам на секое поле“ – изјави за Спортмедиа, Димо Димов.
Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а играше и за екипите на Металург, Гостивар, Хоризонт Турново, Кожуф, Академија Пандев.