Денеска во Виена во 11 часот ќе се одржи ждрепката со која ќе бидат одредени двет егрупи за новата сеозна од ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Оваа година, по една сезона пауза, Македонија се враќа со свој клуб во елитната конкуренција, а тоа ќе биде новиот шампион Е. Пелистер.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) претходно ги објави шеширите пред ждрепката за новата сезона, а битолчани се најдоа во третиот шешир заедно со Порто на Никола Митревски.
Во првиот шешир денеска ќе бидат Барселона, Кил, ПСЖ, Киелце, ГОГ Гудме и Веспрем, а вториот шешир ќе го сочинуваат Магдебург, Висла Плоцк, Монпелје, Алборг и ПИК Сегед.
Во третиот шешир во кој се наоѓа и нашиот првак се и Порто, Колштад, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб.
Групната фаза на ЛШ почнува на 13/14 септември.