И Спалети е на мета на Саудијците, му понудиле 20 милиони евра по сезона!

104

Довчерашниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети добил понуда од Саудиска Арабија, која не се одбива. Според медиумите на „чизмата“, успешниот италијански тренер кој летово реши да го напушти Наполи добил голема понуда од Саудиска Арабија за која размислува дали да ја прифати.

64-годишниот Спалети пред еден ден имал средба со преставник на клуб од С. Арабија кој му понудил договор со плата од 15 до 20 милиони евра годишно. Заинтересираниот клуб од Саудиска Арабија не е именуван.

Спалети останува под договор со Наполи до летото 2024 година, па затоа е прашање дали ќе се откаже од планираните плати во клубот или ќе прифати повторно да се врати на тренерската клупа.

ПретходноЖДРЕПКА ЗА ЛШ: Е. Пелистер во група со Келце, ПСЖ, Кил, Загреб…
СледноПо ривалите, Е.Пелистер го доби и распоредот за групната фаза од ЛШ