Во новата сезона, Тетекс ќе има промени на клупата. Љупчо Марковски – Калц повеќе не е тренер на второлигашот, а причината за разделбата не се резултатите, туку нешто друго.
Македонскиот стратег кој пред шест месеци дојде во Тетекс, поради приватни причини мораше да ја прекине соработката.
„Во иднина нема да бидам тренер на Тетекс. Во клубот беа задоволни од мојата работа, исто јас од нивниот однос. Разделбата доаѓа поради мои приватни причини“, изјави за СПОРТМЕДИА, Калц.