По две години во дресот на белградски Партизан, Кевин Пантер се договори со Барселона и заминува во шпанскиот состав.
„По седмата година во Европа, тој ќе и се приклучи на Барселона во Евролигата 2023/24, потпишувајќи двегодишен договор за шест милиони евра. Во својата втора сезона во Партизан, неговата прва како капитен на тимот, 30-годишниот бек беше клучна фигура во настапот на црно-белите во Евролигата, влегувајќи во плеј-офот и блиску до елиминација на Реал, кој подоцна стана европски шампион“, објавија медиумите во Шпанија.
Каталонскиот клуб ќе потпише двегодишен договор вреден вкупно 6 милиони евра. Пред Партизан, Пантер играше за Лаврио, Антверпен, АЕК, Виртус, Олимпијакос и Олимпија Милано.