Маркус Турам денеска оди на прегледи во Интер

167

Маркус Турам денеска треба да полета за Милано, каде треба да го комплетира трансферот во екипата на Интер. Според инсајдерот Фабрицио Романо, напаѓачот за денеска има закажано лекарски преглед, по што ќе потпише петгодишен договор со „нероаѕурите“.

Турам во дресот на Интер ќе добива 6,5 милиони евра годишно. Тој ќе се приклучи на новиот тим на Симоне Инзаги во кој ќе има доста промени од ростерот со кој располагаше сезонава. Инаку, Турам го заврши договорот со Борусија (М) и како слободен играч доаѓа во Милано.

ПретходноВимблдон повторно прави скандали: Русите да се откажат од спонзорите ако сакаат да играат
СледноКевин Пантер си оди од Партизан, следна дестинација Барселона