Англискиот шампион Манчестер Сити ги засили своите редови со хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ. Фудбалерот од средниот ред го комплетираше трансферот на „Етихад“ потпишувајќи четиригодишен договор, а ќе го носи бројот 8.
Сити ќе му плати на Челзи 25 милиони фунти плус 5 милиони во форма на бонуси.
Инаку Ковачиќ ги бранеше боите на Челзи од летото 2018 година и за „сините“ одигра 221 меч освојувајќи ја ЛШ, ЛЕ, Суперкупот на УЕФА и СП за клубови меѓу трофеите.
Претходно Ковачиќ играше за Реал Мадрид, Интер и Динамо Загреб.
„Ова е брилијантен потег за мене и едвај чекам да почнам со Сити. Секој тим под водство на Пеп Гвардиола е најдобар на светот. Да се игра во оваа екипа, шампион на Европа, е сон на секој фудбалер. Можам уште многу да учам, а под Гвардиола ќе станам подобар играч.“, изјави Хрватот.