Пирло е нов тренер на тимот на Сампдорија

176

Според последните информации, Андреа Пирло е новиот тренер на тимот на Сампдорија. Легендарниот играч за врска се враќа во италијанскиот фудбал и го презема легендарниот тим кој летово испадна од Серија А, и следната сезона ќе ја мине во Б дивизијата.

По три одржани состаноци со новиот сопственик на клубот, Андреа Радрицани, Пирло бил убеден во визијата и плановите за Сампдорија, и ја прифатил функцијата.

Ова ќе биде трет тим што 44. годишниот Пирло ќе го предводи во својата тренерска кариера. Тој беше на чело на Јѕвентус во сезоната 2020/21, кога со „Старата дама“ го освои Купот на Италија и Суперкупот. Поранешниот играч од средниот ред имаше краток престој и во турскиот Фатих Караѓумрук, каде исто така издржа само една сезона, заминувајќи од тимот пред еден месец.

ПретходноВида тужел спортски коментатор затоа што го нарекол грд, па загуби на суд
СледноГазета: Прашање на време е кога УЕФА ќе го исклучи Јуве од своите натпреварувања