По ривалите, Е.Пелистер го доби и распоредот за групната фаза од ЛШ

298

Тимот на Е. Пелистер е нашиот претставник во Лигата на Шампионите следната сезона, и денеска во Битола е работно. Пелистерци ги добија ривалите од групната фаза од ова натпреварување, а веднаш потоа и распоредот на мечевите.

Како што претходно објавивме Е.Пелистер е во групата А со екипите на Келце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Загреб и Колстад. Исклучително тешка група, во која се наоѓаат сериозно квалитетни ривали, на кои Битола со нетрпение чекаше со години.

Според првичниот распоред, првиот натпревар од новата сезона Еурофарм Пелистер ќе го одигра дома во Битола против Загреб на 13/14 септември, додека првото гостување ќе биде против Келце на 20/21 септември.

Распоред на натпревари, Лига на шампиони, група А:

13/14.09.2023, Еурофарм Пелистер – Загреб
20/21.09.2023, Келце – Еурофарм Пелистер
28/29.09.2023, Еурофарм Пелистер – Кил
11/12.10.2023, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
18/19.10.2023, Колстад – Еурофарм Пелистер
25/26.10.2023, Еруофарм Пелистер – ПИК Сегед
15.16.11.2023, Алборг – Еурофарм Пелистер
22/23.11.2023, Еурофарм Пелистер – Алборг
29/30.11.2023, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
06/07.12.2024, Еурофарм Пелистер – Колстад
14/15.02.2024, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
21/22.02.2024, Кил – Еурофарм Пелистер
27/28.02.2024, Еурофарм Пелистер – Келце
06/07.03.2024, Загреб – Еурофарм Пелистер

ПретходноИ Спалети е на мета на Саудијците, му понудиле 20 милиони евра по сезона!
СледноЈовиќ: Да уживаме во настапите од Лигата на Шампионите, и нема никому предвреме да му се предадеме