Сензација на младинското ЕП – Грузија како победник на групата оди во 1/4 финалето

300

Репрезентацијата на Груција пристигна на младинското ЕП 2023 како аутсајдер, меѓутоа заврши прва во групната фаза. Грузија ја совлада Португалија со 2:0 во првото коло, потоа ремизираше 2:2 со Белгија откако по првото полувреме губеше со 0:2, а во последниот меч ремизираше со Холандија 1:1 иако водеше во фантастичен гол на Давиташвили.
Грузија во наредната фаза ќе игра со второпласираниот од групата Ц.
Расплетот во таа група ќе биде познат утре, а можни противници ќе им бидат Чешка, Израел или Германија.

Во оваа репрезентација на Грузија 14 од 23 играчи се од домашното првенство: шест од Динамо Тбилиси, четири од Сабуртало, три од Самгурали и еден од Дила Гори. Другите играт во Валенсија, Шахтјор, Бордо, Лех, Сарајево, Динамо Москва…

ПретходноВикарио ќе го замени Јорис на голманската позиција во Тотенхем
СледноПо Пантер, Партизан остана и без Лесор