ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“: Македонија на стартот поразена од Грција!

250

Денеска во Гевгелија, стартуваше второто издание на меморијалниот турнир „Боби Петковски“. Собир на кој освен јуниорската репрезентација на Македонија учествуваат и оние на Црна Гора, Израел и Грција.

Македонската репрезентација до 18 години на статот беше поразена од Грција со 66-93. Избтаниците на Апостолски Лекиќ беа рамноправен противник само на почетокот, по што во 13. минута Грција поведе со 29-18.

Слично беше и на полувремето, противникот имаше позитива од 15 поени (46-31).

Македонија имаше добри моменти во третата четвртина, намали на 47-54, но до тука имаше сили. Продолжението на натпреварот мина во знакот на Грција.

Капитенот Шошкиќ реализираше 21.поен, имаше и четири асистенции и три скока, Иванов, Стојанов, Лукановски и Величковски додадоа по осум, Јакимовски седум, а Кириловски уште шест поени за нашата репрезентација.

Утре попладне, во истиот термин, од 17.часот, Македонија игра против репрезентацијата на Црна Гора.

ПретходноБилд: Баерн се договори со Кејн
СледноМодриќ и Бензема добиле истити договори: На Французинот му било доволно само да ја види платата!