Рено објави дека е извршена продажба на дел од Формула 1 тимот Алпин. Според информацијата, група инвеститори во која се вклучени холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени, кои се сопственици на фудбалскиот клуб Рексам, инвестирала во Алпин и добила околу 24% од акциите.
Интересно во групацијата се и Отро Капитал и РедБрд Капитал, компанија која претходно го купи фудбалскиот тим Милан.
24% од акциите на Ф1 тимот на Алпин се продадени за 200 милиони евра. Сега цената на Алпин се проценува на 833 милиони евра.