Јовиќ: Да уживаме во настапите од Лигата на Шампионите, и нема никому предвреме да му се предадеме

167

За тимот на Е.Пелистер ова е многу важен ден. На официјалната ждрепка предпладнево ги доби ривалите од групната фаза од Лигата на Шампионите, а потоа и распоредот на мечевите.  Келце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Загреб и Колстад се ривалите на битолчани, а тренерот Александар Јовиќ коментирајќи ја групата и распоредот и нема што премногу да каже. Искусниот стратег смета дека едноставно тимот треба да ужива во она што следува за Е.Пелистер, и дека секоја секунда одиграна во Лигата на Шампионите е злато вредна.

„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме. – изјави тренерот на Е.Пелистер, Александар Јовиќ.

ПретходноПо ривалите, Е.Пелистер го доби и распоредот за групната фаза од ЛШ
СледноВида тужел спортски коментатор затоа што го нарекол грд, па загуби на суд