ЖДРЕПКА ЗА ЛШ: Е. Пелистер во група со Келце, ПСЖ, Кил, Загреб…

2197

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер се најде во групата „А“ по денешната ждрепка во Виена со која беа одредени двете групи за новата сезона во најсилното европско клупско натпреварување.

Битолчани беа рангирани во третиот шешир, а имаа среќа да добијат уште две екипи како ривали токму од третиот квалитативен шешир, екипите на ППД Загреб и Колштад.

Покрај овие ривали, битолските „зелено-бели“ во новата сезона ќе се сретнат и со Келце, ПСЖ и Кил како тимови од најквалитетниот прв шешир, но и екипите на Алборг и Пик Сегед кои дојдоа од вториот шешир.

Групната фаза на ЛШ почнува на 13/14 септември.

ПретходноОдредени групите за новата сезона од Лигата на шампионите во женска конкуренција
СледноИ Спалети е на мета на Саудијците, му понудиле 20 милиони евра по сезона!